MAQS

За насНастаниЗачленувањеНовостиКонтакти

MAQS  
EnglishAlbanian

 

 

За нас

Што е МАКС?

МАКС (Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици) е организација, основана од 16 училишта за странски јазици и со поддршка од Британскиот совет во Македонија. Негова главна цел е да се промовира квалитет во наставата по странски јазици со воспоставувањеи одржување на високи професионални стандарди, кои се во согласност со европските. Сите членови се обврзуваат да ги прифатат стандардите и целите на асоцијацијата.

Кој може да биде член на МАКС?

Член на МАКС може да биде секое училиште кое има за цел да добие акредитација.

Како да се стане член на МАКС?

Потенцијалниот член пополнува апликација, испрака CV (кои се наоѓаат на веб страната) и уплаќа еднократна сума за зачленување. Надзорниот одбор воспоставува контакт со потенцијалниот член, кој потоа станува кандидат член. По уплаќање на годишна членарина кандидатот член ги добива потребните документи - статутот, правилникот за работа и шемата на МАКС. ЦОСЈ, Центарот за обука по странски јазици се обврзува да се пријави за инспекција во рок од три години. во спротивно неговото членство во МАКС престанува.

Кои се погодностите за членовите на МАКС?

  • Пошироки можности за рекламирање на членовите
  • Информации за тековните развојни насоки во наставата по странски јазици
  • Европска стандардизација на нивоата за странски јазици
  • Семинари и работилници за подобрување и одржување на квалитетот во јазичните училишта
  • Комуникација, размена на професори и експертиза
  • Консултантски услуги

Кои се придобивките од акредитацијата на училиштата?

Акредитацијата гарантира објективен и независен доказ за квалитет на акредитираното училиште. Бо нивните документи и публикувани материјали, акредитираните членови можат да го користат логото на МАКС како печат за квалитет.

 

 

 

 
 


Посетители

  Ажурирано: Јули 2016
©Copyright -Maqs
Администрирано од:Webmaster